Навални осуден на уште 20 дена затвор
![Навални осуден на уште 20 дена затвор](https://gdb.rferl.org/4F6EB39D-D941-42A4-843A-D35F91A098A5_w800_h450.jpg)
Противникот на Кремљ Алексеј Навални синоќа бил осуден на уште 20 дена затвор за организирање нелегален протест, изјави неговата портпаролка Кира Јармич. Полицијата вчера повторно го уапси Навални, веднаш по отслужувањето на 30-дневна затворска казна. Оваа казна исто така му беше изречена за одржување нелегален протест во јануари.