Џафери: Собранието има доверба во ДИК и ОБСЕ/ОДИХР за референдумот
"Собранието и неговото Координативно тело за спроведување на референдумот имаат целосна доверба во работата на ДИК, во надлежностите на меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР, во намерата на невладините организации како претставници на граѓаните кои го набљудуваат процесот, изјави за МИА претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери,
До неговата изјава доаѓа откако ВМРО – ДПМНЕ побара од ДИК и од Собранието на Република Македонија да му се овозможи да предложи набљудувачи на референдумот од 30 септември. Според нив, ако ова не се овозможи, тогаш референдумскиот процес ќе биде недемократски и сомнителен
Во реакција на изјавата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев за тоа дека Собранието нема да пријави набљудувачи на процесот на гласање во недела, Џафери објаснува дека исто така важен аспект се финансиите.
"Ајде кажете од каде пари? Кој ќе го финансира тоа? Политичките партии? Па политичките партии немаат право да делегираат набљудувачи. Тие ќе имаa право доколку се пријавеа во ДИК како учесници, па од сопствени средства да си ги регулираат односите, затоа што Законот за референдум пропишува учесници во пропагандата да можат да бидат сите кои од сопствени средства ќе ги платат трошоците. Сега, како јас да ги вклучам партиите? Како Собранието да им ги плати трошоците? Тоа е работата, вели Џафери.