Екс премиер на Франција, кандидат за градоначалник на Барселона
![Екс премиер на Франција, кандидат за градоначалник на Барселона](https://gdb.rferl.org/777EA360-2F81-4790-A746-1A2CC09B5017_cx0_cy2_cw0_w800_h450.jpg)
Поранешниот премиер на Франција Мануел Валс изјави во родната Барселона дека ќе се кандидира за градоначалник на тој град. 56 годишниот Валс добил француско државјанство кога имал 20 години. Според спогодбата од Мастрихт, секој граѓанин на ЕУ може да се кандидира на локалните избори во некоја друга земја на Унијата. Валс беше премиер на Франција од 2014 до 2016 година откако беше министер за внатрешни работи.