Турската крајбрежна стража спаси 46 мигранти
![Турската крајбрежна стража спаси 46 мигранти](https://gdb.rferl.org/F40B1854-C526-471B-A071-B4442F71807B_w800_h450.jpg)
Тимови на турската крајбрежна стража спасија 46 мигранти, меѓу кои 12 деца, од чамец кој почнал да тоне во морето во близина на одморалиштето Кушадаси, објави телевизија Си-Ен-Ен-Турк.
Според извештаите мигрантите се обиделе да стасаат од Кушадаси до грчкиот остров Самос, а турската крајбрежна стража го забележала бродот што тонел доцна синоќа. Сите мигранти што биле во чамецот се спасени. Нелегалните имигранти се Анголци, Ганци, Палестинци, Конгоанци и Сенегалци.