ОН изрази загриженост за големиот број цивилни жртви во Авганистан
![ОН изрази загриженост за големиот број цивилни жртви во Авганистан](https://gdb.rferl.org/866CA692-118D-4D9C-B2D1-6E2C55715263_w800_h450.jpg)
Мисијата на ОН во Авганистан изрази „силна загриженост“ поради растечкиот број на цивилни жртви предизвикани од воздушни операции, откако во два одделни воздушни напади за време на викендот беа убиени вкупно 21 цивил.
Цитирајќи ги последните сознанија, Мисијата на ОН во Авганистан денска соопшти дека 12 жени и деца од исто семејство, кога при воздушен напад била уништена нивната куќа во провинцијата Маидан Варадак, западно од Кабул.
Инцидентот се случил на 23 септември во селото Мулах Хефез за време на операции на про-владините сили во областа, се вели во соопштението.
Членот на провинцискиот Совет Ахмад Џафари за новинската агенција АФП рече дека нападите биле насочени кон талибанските милитанти.
Во одделно соопштени Мисијата на ОН наведува дека добиле повеќе веродостојни обвинувања дека на 22 септември при воздушен напад е погодена куќа на учител во провинцијата Каписа, северно од главниот град, при што загинале 9 лица од исто семејство, вклучително три жени и четири деца. Шест други лица биле повредени.
Мисијата на ОН во Авганистан наведува дека не е јасно дали нападот го извршиле авганистанските сили или НАТО.