Уапсено едно лице кое превезувало мигранти од Иран
![Уапсено едно лице кое превезувало мигранти од Иран](https://gdb.rferl.org/4BED3773-6849-4AAA-A5F8-18F9669BC704_w800_h450.jpg)
Девет мигранти од Иран се пронајдени во возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблички на автопатот Скопје- Гевгелија, соопшти МВР. Оттаму наведуваат дека полицијата имала сознанија дека две патнички возила „опел зафира“ со скопски регистарски таблички и патничко возило „БМВ“ превезуваат мигранти.
Од МВР соопштуваат дека полициските службеници дале знак за запирање на возилата, но тие не застанале, а возилото „опел“ продолжило кон Граничниот премин Богородица и набргу потоа удрило во метален столб.
Возачот избегал од местото на настанот, но по преземени мерки и активности во 22.00 часот бил пронајден и лишен од слобода. Се работи за лицето Е.Ј.(25) од Германија, а со место на живеење во с.Орланци, скопско. На местото биле пронајдени девет лица-мигранти од Иран, стои во соопштението. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.