Трамп најави мировен план за Палестина и Израел
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе претстави мировен план за Израел и Палестина во наредните месеци, што предвидува заедничко постоење на две држави и што претставува прва јасна индикација за поддршката на неговата администрација за таков исход.
Трамп говорејќи на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Њујорк порача дека е негов сон да постигне мирно решение за конфликтот на Блискиот исток. Позицијата на Нетанјаху е дека секоја идна палестинска држава треба да биде демилитаризирана и да го признае Израел како држава на Еврејскиот народ.