Тензии во Ингушетија поради договорот за границата со Чеченија
![Тензии во Ингушетија поради договорот за границата со Чеченија](https://gdb.rferl.org/9169725B-49E2-460E-9467-250EE7BE7453_w800_h450.jpg)
Полицијата во рускиот регион Ингушетија уапсила неколку демонстранти кои се противат на предавањето на делови од територијата на регионот на соседна Чеченија врз основа на контроверзниот договор за воспоставување на границата меѓу двете републики во Северен Кавказ.
Очевидци соопштија дека полицијата започнала да ги апси демонстрантите откако се собрала толпа од околу стотина лица во регионалниот главен град Магас пред потпишувањето на договорот. Ингушетија и Чеченија беа дел од иста земја до распадот на Советскиот сојуз во 1991 година.