Претседателот на косовското Собрание утре во посета на Македонија
Претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели утре ќе престојува во официјална посета на Македонија, соопшти службата за информирање на косовското Собрание. Весели за време на престојот во Скопје ќе биде примен од претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери.
На средбата, како што се наведува во соопштението, тие ќе разговараат за односите меѓу двете земји, за можностите за продлабочување на парламентарната соработка, како и за заедничките евроатлантски интеграции на Косово и Македонија.