Могерини - Западен Балкан е посветен на реформи и добросеседски односи
![Могерини - Западен Балкан е посветен на реформи и добросеседски односи](https://gdb.rferl.org/32B0DA68-8FD7-4788-B3E1-E8D71256541B_cx0_cy23_cw66_w800_h450.jpg)
Шефицата на дипломатијата на Европската унија, Федерика Могерини вели дека за време на заедничката вечера органзиирана на маргините на Генералното Собраниена ОН, лидерите на Западен Балкан потврдиле силна посветеност во напредокот со процесот на ЕУ интеграции преку забрзани реформи и добрососедски односи.
Таа додаде дека на работни вечери во Њујорк се разговарало и за Преспанскиот договор што се однесува на решавање на спорот меѓу Македонија и Грција за името како и за дијалогот Белград – Приштина.
„Тие две прашања, се клучни за развој на регионот и неговиот европски пат“, нагласи Могерини.
Таа во Њујорк вчера организираше вечера на која беа комесарот за преговори и проширување Јоханес Хан и лидери на партнери на ЕУ од Западен Балкан.