Заев: гласањето в недела не е избор меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
![Заев: гласањето в недела не е избор меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ](https://gdb.rferl.org/BD9FF681-DD90-474F-9748-FDEFA4BD1040_w800_h450.jpg)
В недела ќе се соочите со историска одлука, треба да направите избор кој не е меѓу две политички партии, тоа е избор за вашата иднина, изјави премиерот Зоран Заев во видео обраќање за референдумот на 30 септември.
„На 8 септември во 1991 година со глас на референдумот донесовме одлука за слободна, независна и суверена Република Македонија. Од тогаш наваму, не се остварија сите наши стремежи, нашиот сон за европска Македонија и земја членка на НАТО“, рече Заев,
Тој додаде дека денес остварувањето на тој сон е блиску и дека на 30 септември „секој од нас“ треба да стави тула во изградбата на подобра Македонија која ќе стане членка на ЕУ и НАТО.
„Вие, граѓаните го имате клучот да ја направите нашата држава членка на европското семејство. Знам, треба да направиме отстапка и да прифатиме географска одредница кон името Македонија, но нашиот идентитет никој повеќе нема и не може да го порекне“, вели Заев.