Џафери повика граѓаните да излезат на референдум
![Џафери повика граѓаните да излезат на референдум](https://gdb.rferl.org/A1ABE5FE-DC36-49F4-9E8E-E7F40CB370EB_w800_h450.jpg)
Граѓаните да го искористат своето со Устав гарантирано право и да излезат и учествуваат во носењето на најважната одлука за иднината на нашата држава, повика на последниот ден од кампањата за референдумот на 30 септември, претседателотна Собранието на Република Македонија Талат Џафери заедно со координативното тело, а во име на ситепратеници коишто водеа кампања „за“ или „против“.
„Позитивната одлука на граѓаните на 30 септември за Македонија ќе значи отворање на вратите на НАТО и Европската унија. Ова на нашата држава ќе и овозможи безбедност, отворени патишта за нашите граѓани, повеќе странски инвестиции, отворање на нови работни места, поголем пазар за нашите домашни производи, можности за напредок на младите генерации“, изјави Џафери.