Брисел ја намали пристапната помош за Турција
![Брисел ја намали пристапната помош за Турција](https://gdb.rferl.org/E400F4F1-01ED-4E92-92AB-CC14628DC8C1_w800_h450.jpg)
Брисел драстично ја намали помошта за Турција, што беше наменета за подготовка за евентуалното присоединување на земјата кон Европска унија, поради недостиг на напредок од страна на Анкара во исполнување на критериумите, соопшти денеска Европската комисија.
Европска комисија ја намали помошта за Турција за приближно 40 проценти за периодот од 2018 до 2020 година. Со таа мерка, Турција ќе добие 759 милиони евра помалку од предвиденото.
Покрај недоволен напредок во исполнување на критериумите за членство, ЕК како втора причина за намалување на средствата наведува дека Турција има мал број реализирани проекти, во кои Европска унија сакала да инвестира, пред се за правна држава и демократија.
Но, и покрај намалување на помошта Турција ќе добие 1,18 милијарди евра од ЕУ за адаптација на европските стандарди.