Кина и Русија за олеснување на санкциите против Пјонгјанг, САД против
САД се судрија со Кина и Русија во ОН во врска со нивниот повик за олеснување на санкциите против Северна Кореја.
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на состанокот на Советот за безбедност на ОН изјави дека неодамнешниот „позитивен развој“ во односите меѓу Северна и Јужна Кореја, заедно со „потоплите“ односи меѓу Вашингтон и Пјонгјанг, треба да водат кон ослободување од некои од строгите санкции донесени од Советот во минатата година, за да го притиснат Пјонгјанг во разговорите за неговата програма за нуклеарно оружје.
Русија го поддржа повикот на Кина за ревизија на санкциите, преку обраќањето на шефот на дипломатијата Сергеј Лавров.
Меѓутоа, американскиот Државен Секретар Мајк Помпео, поддржан од западните сојузници во Советот, е против повиците за олеснување, истакнувајќи дека санкциите треба да продолжат строго да се применуваат се додека Северна Кореја не преземе конкретни чекори за напуштање на нуклеарното оружје.