Напори за зајакнување на трговската соработка меѓу Турција и Кина
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу имаше средба со шефот на кинеската дипломатија Ван Ји, на која изразил надеж дека Турција ќе ја зајакне соработката со Кина во секторот на трговијата, енергетиката и борбата против тероризмот.
„Турција дава големо значење на односите со Кина и се надева на зајакнување на контактите со Пекинг на високо ниво, како и на проширување на практичната соработка во секторот на трговијата, енергетиката, борбата против тероризмот и други сфери за успешен развој на соодветни проекти“, истакна Чавушоглу по состанокот со Ји на маргините на 73. Генерално собрание на ОН во Њујрок.