Тачи: потребно е трајно решение за косовското прашање
Додека Приштина и Белград не ги решат своите разлики, нема да дојде до членство во ЕУ на Косово, поради што е многу важно да се постигне правно обврзувачки договор со Србија, изјави косовскиот претседател Хашим Тачи за „Фајненшл Тајмс“, додавајќи дека за Приштина не постои план Б ниту алтернатива за членството во ЕУ и НАТО.
Тачи вели дека постои голема можност други да ја искористат предноста на моменталниот вакуум, поради што тој и претседателот на Србија Александар Вучиќ повторно се ангажирале да најдат „активни и креативни решенија“ кои ќе донесат праведен и конечен договор.
„Потребно ни е трајно решение кои ги покрива постоечките разлики и можните точки на идните судири. Нема да прифатиме привремени договори или продолжување на статус кво“, вели Тачи.