Дефект во Блок 2 во РЕК Битола
![Дефект во Блок 2 во РЕК Битола](https://gdb.rferl.org/A5121AAC-1956-48C0-8F97-E626F7F53D43_w800_h450.jpg)
Во РЕК Битола денеска во 15 и 20 часот дошло до краток спој во една од ќелиите за висок напон на Блокот 2, соопштуваат од РЕК Битола, отфрлајќи ги информациите дека настанала експлозија.
“Денеска, околу 15:20 часот дојде до „куса врска” (т.н. краток спој) во една од ќелиите за висок напон на Блок 2 на РЕК Битола. Како последица на оштетувањето на осигурувачите на командниот напон, Блок 2 на РЕК Битола испадна од мрежата на електроенергетскиот систем”, наведуваат во соопштението.
Од компанијата додаваат дека санацијата на оштетените делови е во тек и Блок 2 на РЕК Битола ќе биде повторно ставен во функција уште во текот на вечерва.