Околу 50 милиони корисници на Фејсбук засегнати од безбедносен проблем
Социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека откриле безбедносен проблем кој засегнал речиси 50 милиони корисници. Во текстот објавен денеска компанијата соопшти дека хакерите ја искористиле опцијата “погледни” која им овозможува на луѓето да видат како нивните профили му изгледаат на некој друг. Фејсбук соопшти дека презема чекори да го реши безбедносниот проблем и веќе пријавиле кај надлежните служби. Социјалната мрежа одјави околу 90 милиони корисници кои потоа требаа повторно да влезат на своите профили. Од компанијата велат дека не знаат кој стои зад нападот и од каде тој доаѓа.