Израелската војска уби шест Палестинци во појасот Газа
![Израелската војска уби шест Палестинци во појасот Газа](https://gdb.rferl.org/F488B795-6142-49C7-A64B-7064AF886D4A_w800_h450.jpg)
Израелската војска уби шест Палестинци, меѓу кои две момчиња во појасот Газа, соопштија болнички извори.
Илјадници Палестинци денеска се собраа на границата меѓу Израел и појасот Газа како дел од неделните протести кои се одржуваат половина година.
Според здравствените власти 290 луѓе се повредени. Жртвите, како што се соопштува се мажи, едно од момчиња е на 12 годишна возраст, а другото на 14 годишна возраст. Досега, околу 190 Палестинци се убиени откако почнаа протестите на 30 март.