ДИК апелира изборните органи да работат одговорно
![ДИК апелира изборните органи да работат одговорно](https://gdb.rferl.org/6ED82A51-1BC5-4291-A545-0D3430385C03_w800_h450.jpg)
Државната изборна комисија (ДИК) апелираше до сите изборни органи, вклучени во процесот на организација и спроведување на референдумот, својата работа да ја извршуваат професионално и одговорно, во согласност со законските процедури.
Акредитираните набљудувачи при вршењето на набљудувањето, како што потенцираа од ДИК, се должни да се придржуваат на правилата и процедурите од Кодексот за набљудување на Референдумот 2018 и доследно да ги применат законските прописи кои произлегуваат од Кодексот.