Фејсбук-малтретирање на оние кои гласаат на референдумот во дијаспората
![Фејсбук-малтретирање на оние кои гласаат на референдумот во дијаспората](https://gdb.rferl.org/674816DC-1BF6-4004-9F5D-871B36423F31_cx11_cy0_cw72_w800_h450.jpg)
Бојкотирачи на референдумот денеска ги снимаат и ги навредуваат граѓаните кои гласаат во дијаспората. Според снимките објавени на Фејсбук страницата „Предавници“, станува збор за гласањето во Мелбурн, Австралија. Бојкотирачите ги објавуваат со име и презиме тие што гласале и ги прогласуваат за предавници.
МВР, пак, апелира до сите утре да се воздржат од „какви било нарушувања на јавниот ред и мир и какво било нарушување на тајноста на гласањето, како што е фотографирање или снимање.
„МВР ќе преземе се што е потребно во недела, 30 септември, граѓаните непречено и мирно да го искористат своето уставно право на слободно изјаснување на својата граѓанска волја“, се наведува во денешното соопштение од МВР.