Скоро 400 жртви од земјотресот и цунамито во Индонезија
![Скоро 400 жртви од земјотресот и цунамито во Индонезија](https://gdb.rferl.org/67A41719-6F8A-4D06-848F-1F0EADFF89CD_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Бројот на жртви во земјотресот и цунамито на индонезискиот остров Сулавеси се искачи на 384, пренесуваат тамошните медиуми, повикувајќи се на портпаролот на Агенцијата за природни катастрофи. Бројот на жртви се однесува само на најтешко погодениот град Палу, каде што има стотици повредени, а илјадници куќи се урнати или оштетени. Земјотресот со јачина од 7,5 степени предизвика цунами кое погоди два града и повеќе села на островот Сулавеси.