Вучиќ нареди највисока борбена готовност за српската армија
Српскиот претседател Александар Вучиќ нареди целата армија на Србија да биде ставена во највисока борбена готовност, потврдиле за Танјуг извори од Кабинетот на претседателот, кој е и врховен командант на српската армија. Наредбата му е пренесена на началникот на Генералштабот на српската армија. Претходно беше соопштено дека околу 60 припадници на косовските специјални единици (РОСУ) биле распоредени во непосредна близина на браната и вештачкото езеро Газивода. Припадниците на РОСУ наводно влегле во Центарот за екологија и развој на спортот, во непосредна близина на хидроелектраната. Подоцна беше соопштено дека тоа се мерки на обезбедување за косовскиот претседател Хашим Тачи, кој беше во посета на езерото Газивода и рече дека сака да ги обиколува косовските убавини.