Со зголемена доверба во институциите до повисок економски раст
Економскиот раст од 3,2 отсто годинава и 3,9 отсто догодина е остварлив, ако политичката состојба се стабилизира, а бизнисот ја зголеми довербата во институциите.
Економскиот раст од 3,2 отсто годинава и 3,9 отсто догодина е остварлив, ако политичката состојба се стабилизира, а бизнисот ја зголеми довербата во институциите.
Американскиот Стејт департмент објави обновенo предупредување до американските граѓани кои патуваат во странство. На интерактивна карта поместена на веб-сајтот на Стејт департментот, сите земји се поделени во четири категории. Косово и Босна и Херцеговина се ставени во втора категорија, односно дека постои ризик од нарушена безбедносната ситуација и се препорачува особена внимателност и будност при патување во овие земји. „Во некои градови и села како Северна Митровица, Лепосавич, Зубин Поток и Звечан можни се граѓански немири“... Читать дальше...
Претседателството на владејачката Српска напредна партија донесе одлука да не иницира распишување предвремени парламентарни избори, соопшти синоќа партискиот лидер и актуелен претседател на Србија, Александар Вучиќ. По завршувањето на седницата Вучиќ им се заблагодари на членовите на Претседателството затоа што „речиси едногласно, со два гласа против“, го поддржале неговиот став дека „државниот и националниот интерес е поважен од партискиот“.
Претседателството на владејачката Српска напредна партија донесе одлука да не иницира распишување предвремени парламентарни избори, соопшти синоќа партискиот лидер и актуелен претседател на Србија, Александар Вучиќ. По завршувањето на седницата Вучиќ им се заблагодари на членовите на Претседателството затоа што „речиси едногласно, со два гласа против“, го поддржале неговиот став дека „државниот и националниот интерес е поважен од партискиот“.
Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска ќе се сретне со неговиот грчки колега Никос Коѕијас. Разговорите, како што е соопштено од МНР, ќе се фокусираат врз прашања од билатерален интерес, како и натамошно зајакнување на мерките за градење доверба. Местото на средбата не е соопштено. Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи синоќа за ТВ 24 изјави дека денешната средба меѓу Димитров и Коѕијас најверојатно ќе се одржи во Грција. Тој исто така додаде дека во моментов постои консензус... Читать дальше...
Во Собранието на Македонија за денеска е закажано продолжение на пет собраниски седници, а на првата од нив, 27-та треба да се гласа за Предлог законот за употреба на јазиците, во второ читање, и за Предлогот за избор на судии на Уставниот суд. За тие предлози завчера во законодавниот дом заврши претресот без дебата, но бидејќи немаше кворум претседателот на Собранието Талат Џафери гласањето го презакажа за денеска. Одлуките за законот за јазиците и за уставните судии се носат со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници... Читать дальше...
Американскиот претседател Доналд Трамп запрашан за можноста за војна, изјави дека предвидува мир преку сила. Тој уште еднаш повтори дека немало некаков заговор меѓу неговиот изборен штаб и Русија.
Грчката крајбрежна стража соопшти дека запленила товар со експлозив на брод кој од Турција пловел за Либија. Во бродот имало 29 сандуци со детонатори и експлозивни материјали. „Крајбрежната стража деактивира подвижна бомба“, изјави контра адмиралот Јанис Сотиру и додал дека бродот „Андромеда“, под знамето на Танзанија, имал многубројни структурни реформи и оти никогаш не требало да плови. Капетанот на „Андромеда“ најпрвин тврдел дека бродот плови за Џибути, но потоа признал дека крајна дестинација било либиското пристаниште Мисрата.
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека земјите од Западен Балкан заслужуваат перспектива за членство во ЕУ и оти таа мора да постави темели за нивен прием. „Земјите од Западен Балкан заслужуваат перспектива за пристап кон ЕУ. Таа нема да биде спроведена во дело за време на мојот мандат, но мора да поставиме темели за тоа, а дотичните земји мора да ги направат неопходните реформи за да дојде до нивен прием“, изјави Јункер за Дојче веле. Според него, добро е што Бугарија како... Читать дальше...
Во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне на запад со слаб локален дожд, на повисоките планини со снег. По одделни котлини со појава на слаба магла, особено претпладне. Температурата ќе се движи од четири до 11 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, со температура до седум степени.
Постои консензус терминот Македонија да се најде во која било варијанта за решавање на спорот за името со Грција, изјави вечерва вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. Тој во интервју во Анализа 24, рече дека грчките власти прифаќаат име во кое би бил содржан терминот Македонија. Османи вели дека и двете страни во процесот нудат предлози, а преговарачот Метју Нимиц треба да даде заедничко прифатливо решение. Тој рече дека во разговорите не може да се преговара за индетитетот и оти и Грците така се поставуваат... Читать дальше...
Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).
103news.com — живые новости в прямом эфире!
В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.
Музыкальные новости