Ердоган во Узбекистан потпиша низа спогодби
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во Ташкент потпиша со неговиот узбекистански колега Шавкат Мирзиоев низа трговски спогодби во вредност од околу три милијарди долари. Станува збор за 24 спогодби за соработка во областа на трговијата, сообраќајот, индустријата, енеретиката, образованието и туризмот. Последната посета на Ердоган на Узбекистан беше во ноември 2016 година, два месеца по смртта на претседателот Исмал Каримов, кој ја водеше земјата повеќе од половина век.