Епидемија на мали сипаници во Дебарско
Институтот за јавно здравје објави дека во дебарско има епидемија на мали сипаници со регистрирани 17 случаи. „Сите заболени во епидемијата се во меѓусебна епидемиолошка врска и сите се жители на Дебар, со исклучок на една жена која е жител на Охрид, но секојдневно патува во Дебар каде што работи. Во однос на возраста, 11 од заболените се над 30 години, три лица се на возраст од 20-29 години, и по едно лице припаѓа на возрасните групи: од 15-19 години, од 1-4 години и под една година“, објави ИЈЗ на својата веб страница. Читать дальше...