Трамп: можам да ја откажам средбата со Путин
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би можело да ја откаже планираната средба со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на самитот Г20 во Аргентина оваа недела поради руското приведување украински морнари. Во интервју за Вашингтон пост тој рече дека чека на целосен извештај од неговиот тим за национална безбедност околу руското запленување на три украински бродови и нивниот екипаж во близина на Крим на 25 овој месец. „Не сакам агресија воопшто“, изјави Трамп. Дванаесет од 24 украински морнари добија двомесечен притвор.