Во Унгарија формиран огромен провладин медиумски конгломерат
Сопствениците на повеќето провладини медиумски куќи во Унгарија ги префрлија средствата на нивните компании на една нова фондација, создавајќи на тој начин огромен десничарски конгломерат. „Средноевропската фондација за печат и медиуми“ опфаќа кабловски ТВ канали, портали на интернет, таблоиди и спортски весници и сите локални весници во Унгарија, како и многу магазини и други гласила. Агнес Урбун, унгарска аналитичарка, оценува дека по ваквиот „невиден потег има малку смисла да се зборува за слобода на печатот во Унгарија“... Читать дальше...