Трамп: добив одлично писмо од Ким Џонг Ун
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека добил од лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун „одлично писмо“ и оти веројатно наскоро повторно ќе се состане со него. „Воспоставивме навистина многу добри односи. Веројатно ќе се состанеме“, изјави Трамп, додавајќи дека не треба да се брза околу тоа. Трамп претходно на Твитер напиша дека „едвај чекал да се состане со Ким Џонг Ун, бидејќи Северна Кореја поседувала одличен економски потенцијал“.