Рама ја поздрави идејата 2019 да биде прогласена за година на НАТО
Премиерот на Албанија, Еди Рама на Твитер ја поздрави идејата на косовскиот претседател Хашим Тачи, кој изјави дека е време 2019 да биде прогласена за година на НАТО. „Ја поздравувам идејата на Хашим Тачи за прогласување на оваа година, како година на НАТО, 20 години по историското навлегување на Алијансата во Косово. Оваа годна се совпаѓа и со 10-годишнината од зачленувањето на Албанија во НАТО. Да направиме ден на границата „шенген“ на Морина како момент на кулминација во годината на НАТО, напиша Рама. Читать дальше...