Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Февраль
2020

Новости за 13.02.2020

Спасовски чека од ВМРО-ДПМНЕ кандидат за функцијата на Мизрахи

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Оливер Спасовски денеска за неговото барање испратено до Собранието за разрешување на министерката за труд и социјала Рашела Мизрахи изјави дека нема да правел компромис со почитување на Устав и на законот. Тој ова го кажа одговарајќи на новинарско дали размислува, за да се избегне политичка криза, да го повлече барањето за разрешување на Мизрахи. „Очекувам дека опозицијата ќе биде мудра и ќе даде кандидат, што го почитува Уставот и законите. На пример еден од пратениците кои гласаа за Северна Македонија и Протоколот за НАТО... Читать дальше...

ОН ја усвои резолуцијата за прекин на огнот во Либија, Русија не гласаше

SlobodnaEvropa.mk 

Советот за безбедност на Обединетите нации ја усвои резолуцијата за прекин на огнот во Либија, додека Русија се воздржа од гласањето противејќи се на некои термини кои ги има во неа. Текстот кој е подготвен од Британија беше одобрен на 12 февруари од другите 14 држави членки на Советот за безбедност по недели дебата и препукувања. Во резолуцијата се повторува потребата од продолжување на прекинот на огнот што е можно поскоро и без предуслови и се изразува загриженост поради зголемената вклученост на војници платеници во Либија. Читать дальше...

Македонски војници можеби ќе учествуваат во мисијата на НАТО во Ирак

SlobodnaEvropa.mk 

Македонски војници и офицери ќе може да учествуваат во проширената мисија на НАТО во Ирак, соопшти министерката за одбрана Радмила Шекеринска по дводневниот министерски состанок во Брисел. Во рамките на Јадранската повелба, подготвени сме да испратиме одреден број офицери и војници, додаде таа.



ИК на ВМРО-ДПМНЕ: го следиме развојот на ситуацијата

SlobodnaEvropa.mk 

Според соопштението од вчерашниот состанок на Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ, нема конкретна одлука за тоа дали нивните пратеници ќе ја напуштат работата на Собранието, нешто што вчера го навести како можност лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Тој вчера изјави дека не гледа причина за натамошно учество на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот поради отстапувањето од политичкиот договор, на 12 февруари да биде распуштено Собранието.  Мицкоски не гледа причина ВМРО-ДПМНЕ да остане во... Читать дальше...

Вархеји:ЕУ мора да ја забрза интеграцијата на земјите од Западен Балкан

SlobodnaEvropa.mk 

За да го зачува својот кредибилитет Европската унија мора да ја забрза евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан и тој процес да биде многу подинамичен, истакна еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на пленарното заседание на Европскиот парламент во Стразбур. Вархеји нагласи дека ЕУ мора да ги отвори пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија бидејќи двете земји ги исполнија условите што им беа поставени. Проширувањето на Западен Балкан, според него, може да биде успешно само ако ЕУ ги исполни ветувањата што ги дала... Читать дальше...

Рускиот министер за одбрана Шојгу в понеделник во Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу на 17 февруари ќе престојува во официјална посета на Србија, а тогаш би можело да пристигне и првиот дел од испораката на системот за противвоздушна одбрана „Панцир“, пишува белградскиот весник „Вечерње новисти“. Според наводите на весникот, Србија во минатата година нарачала една батерија од системот „Панцир С1“, а руските медиуми тогаш јавиле дека рокот за првиот дел од испораката е втората половина на февруари. Се наведува и тоа дека во текот на посетата... Читать дальше...

Ново рочиште за „Рекет“

SlobodnaEvropa.mk 

Во Кривичниот суд во Скопје, денеска е закажано ново рочиште за случајот „Рекет”.На последното беа презентирани докази од комуникацијата меѓу обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 и други лица, каде меѓу другото се најде и комуникацијата што овој обвинет ја имал со поранешниот премиер Зоран Заев. Исто така, обвинителката Ирена Трајчевска, презентираша и слики каде што обвинетата Катица Јанева се гледа со снопче од 500 евра. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција... Читать дальше...

Трамп бара од Сенатот да не го спречува во акциите против Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Сенатот да не ја усвојува резолуцијата со која се ограничува неговата способност за преземање воена акција против Иран. Трамп на Твитер напиша дека таквата резолуција ќе испрати „многу лош сигнал“ и оти Техеран на тој начин би бил во предност. „Многу добро ни оди со Иран и ова не е момент да покажеме слабост“, наведува Трамп. Демократите неодамна објавија дека обезбедиле доволно гласови во Сенатот за усвојување резолуција со која Трамп се обврзува... Читать дальше...



Светскиот мобилен конгрес во Барселона откажан поради коронавирусот

SlobodnaEvropa.mk 

Светскиот мобилен конгрес во Барселона, најголемиот светски саем на мобилна технологија, нема да се одржи поради епидемијата на респираторна инфекција предизвикана од новиот вид на коронавирус од Кина. Саемот требаше да се одржи од 24 до 27 февруари. Одлуката за откажување била донесена откако десетина технолошки компании го откажале учеството, меѓу нив Нокиа, Водафон, Дојче телеком, Сони, Амазон. Се очекуваше саемот да привлече над 100.000 посетители од околу 200 земји, вклучувајќи и илјадници од... Читать дальше...

Многу врева за мало зголемување на платите во високото образование

SlobodnaEvropa.mk 

Зголемувањето на платите од 10 проценти за виското обарзование е закочено во Собранието кое е пред распуштање. Од Независниот академски синдикат велат дека со ова зголемување можеби ќе се исполни ветувањето на Владата дека платите ќе растат. Сепак, просекот во образованието и натаму останува најнизок на Балканот.

Рекорден број на починати и заразени од коронавирусот

SlobodnaEvropa.mk 

Хубеи - кинеската провинција во епицентарот на појавата на коронавирусот објави рекорден пораст на бројот на починати. Зголемениот број, според некои, се должи на новиот метод на дијагностицирање на инфекцијата. Во меѓувреме, Пекинг разреши двајца локални партиски лидери по критиките за нивните потези во решавањето на кризата.

НАТО ја шири мисијата на обука во Ирак

SlobodnaEvropa.mk 

Министрите за одбрана на НАТО се договорија да ја прошират обуката во Ирак, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, но ирачката влада се уште не сака да го одобри ваквиот потег. Мисијата предводена од Канада започна во 2018 година, но од минатиот месец е суспендирана откако САД го убија иранкиот генерал Касем Солејмани во напад со беспилотно летало на багдадскиот аеродром. Веднаш потоа ирачките власти побараа заминување на странските сили од земјата. Во меѓувреме, американскиот... Читать дальше...

Османи и Димитров во посета на Париз

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе престојуваат во работна посета на Француската Република. Централна тема на средбите што ќе ги имаат Османи и Димитров ќе бидат европските перспективи на Република Северна Македонија во пресрет на одлучувањето во Советот на ЕУ, а во контекст на неодамнешното објавување на документот на Европската комисија за зајакнување на пристапниот процес.

Времето денеска: сончево со умерена облачност

SlobodnaEvropa.mk 

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Преку ноќта ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус шест до три, а дневната од шет до 15 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу минус три, а дневната ќе достигне до 11 степени.



Москва

За прошедшую неделю подмосковные росгвардейцы обеспечили безопасность более 200 мероприятий


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин: Москва и Пекин подписали программу сотрудничества на 2024-2026 годы



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Концерт

В сказке театра кукол Ульгэр приключения и опасности, интересные знакомства и встречи - Театр и Цирк, Культура и Концерт, Россия и Дети




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Красногорск первым встретил участников международного супермарафона Москва-Минск

Военно-спортивный фестиваль Росгвардии в «Лужниках» собрал более 20 000 москвичей и гостей столицы

В Лужниках состоялась церемония открытия Всероссийской Спартакиады Специальной Олимпиады


WTA

Саснович победила на старте квалификации турнира WTA-500 в Берлине



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Путин: Россия думает об изменениях в ядерной доктрине



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России