Претседателите на Турција, Русија и Иран разговараа за Сирија
Претседателите на Турција, Русија и Иран денеска разговараа преку конференциска врска за состојбата во Сирија. Иранскиот претседател Хасан Рохани рече дека „нелегитимното“ присуство на американските сили во Сирија треба веднаш да заврши. Денешниот разговор, во таканаречениот формат Астана, е прв по разговорите во септември за состојбата во Сирија, каде веќе 10 години има воен конфликт. Иран и Русија го поддржуваат сирискиот претседател Башар ал-Асад, додека Турција повика на негово соборување и поддршка на опозиционите борци. Читать дальше...