Курти: Предвремените парламентарни избори во Косово се референдум
Лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти, оцени дека следните предвремени парламентарни избори во суштина се референдум за Косово. Курти на својот Фејсбук профил напиша дека „по седум месеци се покажа она што се знаеше од самиот почеток“, дека станува збор за „залуден избор на влада“, како и за „незаконски, неуставни избори“. „Изгубивме многу години, не само месеци. Овие избори не се предвремени, тие се одложени. Овие избори се референдум, 14 февруари е лошата политика пред народниот суд. Читать дальше...