Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Июнь
2022

Новости за 24.06.2022

МНР на Бугарија: Првата меѓувладина конференција веднаш штом Скопје го потпише протоколот

SlobodnaEvropa.mk 

Собранието донесе одлука за поддршка на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Ние не додадовме нови барања до Скопје и сме подготвени да ја одобриме првата меѓувладина конференција веднаш штом нашите пријатели од Северна Македонија ќе го потпишат протоколот, како што разговараа и министрите за надворешни работи, напиша бугарското Министерство за надворешни работи на Твитер. Народното собрание на Бугарија денеска го одобри францускиот предлог за Северна Македонија. За гласаа 170 пратеници, 37 беа против, а 21 воздржани. Читать дальше...

Двајца починати и десетици во болница од труење со алкохол во Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку две лица починале, а десетици други се разболеле откако конзумирале фалсификуван алкохол во јужната иранска провинција Кузестан, објави полуофицијалната новинска агенција ИСНА на 24 јуни. Здравствените власти соопштуваат дека 33 лица се хоспитализирани, а седум од нив имаат слепило. Претходно властите соопштија најмалку две лица починале поради труење со алкохол. Консумацијата на алкохол е строго забранета во Иран, а оние кои се уапсени за пиење се соочуваат со казни кои се движат од... Читать дальше...

САД ослободија авганистански затвореник од затворот Гвантанамо

SlobodnaEvropa.mk 

Американските властите го ослободија еден од последните преостанати авганистански затвореници кои се држат во заливот Гвантанамо, американски притворен центар на островот Куба. Семејството на Асадула Харун, кој беше затворен 15 години, соопшти дека биле информирани за неговото ослободување на 24 јуни. Се верува дека тој има околу 40 години и дека сега е во Катар. Пентагон во соопштение наведе дека Харун бил префрлен од притворската установа и на крајот ќе биде вратен во Авганистан. Пентагон се заблагодарува на владата на Катар за помошта.



Хрватска ќе почне да го користи еврото од 2023

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерите на Европската унија денеска се согласија Хрватска да почне да го користи еврото како национална валута од 1 јануари 20213. Со тоа Хрватска се приклучи на групата земји кои го користат еврото, со што бројот на земји со заедничка валута од јануари ќе достигне 20. „Еврото е монетарен израз на нашата заедничка судбина и е дел од нашиот европски сон“, рече претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, кој претседаваше со самитот на Унијата во Брисел. „Сега сонот се остварува за Хрватска“, додаде Мишел. Читать дальше...

Петков до Ковачевски: Биди храбар, прифати го компромисот

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков ја повика Северна Македонија да ја искористи можноста, откако бугарскиот Парламентот даде зелено светло на „францускиот предлог“ за интеграција на С. Македонија во ЕУ. Тој во интервју за бриселскиот портал „Политико“ го повика својот колега од С. Македонија, Димитар Ковачевски, да биде храбар и да го прифати компромисот, што го предлага француското Претседателство со ЕУ, со кој ќе ја отвори вратата за Скопје да започне формални преговори за членство во ЕУ. Читать дальше...

Врховниот суд на САД го укина уставното право на абортус

SlobodnaEvropa.mk 

Врховниот суд на Соединетите Американски Држави (САД) денеска донесе пресуда со која се укинува полувековното право на абортус, пренесе АП. Судот во кој доминираа конзервативците ја поништи одлуката „Ро против Вејд“ од 1973 година со која се гарантира правото на жената на абортус. „За“ одлуката гласаа шест судии, а против беа тројца. Судот соопшти дека абортусот не се укинува, туку дека државите можат сами да ја дозволат или ограничат постапката. Во пресудата „Ро против Вејд“ од 1973 години... Читать дальше...

ССМ в понеделник ќе го блокира влезот во Скопје кај Автокоманда

SlobodnaEvropa.mk 

Незадоволството на работниците од јавниот сектор е огромно и од тие причини Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) на денешната седница одлучи незадоволството да го изразува на улица. В понеделник, 27 јуни, од 7 до 10 часот синдикалците ќе го блокираат влезот на главниот град Скопје на крстосницата во населба Автокоманда на булеварот „Александар Македонски“ со „16 Македонска бригада“, а ќе бидат пропуштани само возила на итна медицинска помош, полиција, армија и пожарна, соопштија од ССМ. „Пораката... Читать дальше...

ЕСМ му понуди поскапа струја на ЕВН за од јули

SlobodnaEvropa.mk 

Само една понуда и тоа со повисока цена за струја добила на тендер ЕВН Хоме како универзален снабдувач на струја на тендерот за корисниците во периодот јули-декември. На тендерот на ЕВН пристигнала само една понуда од АД ЕСМ, која изнесува 48 евра за мегаватчас и е за 17 проценти повисока од претходната. „АД ЕСМ како најповолен и единствен понудувач на тендерот преку електронскa аукција, му понуди на ЕВН Хоме купопродажна цена на електрична енергија од 48 евра за мегаватчас, за покривање на 100 проценти од вкупно планираните количини. Читать дальше...



Макрон го поздрави гласањето во Бугарија за францускиот предлог

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Франција, Емануел Макрон го поздрави гласањето во бугарскиот Парламент за францускиот предлог и рече дека процесот продолжува, јави дописничката на МИА од Брисел. „Сакам да го поздравам гласањето во бугарскиот Парламент кој отвора пат за укинување на ветото и отворање на преговорите за пристапување на Северна Македонија и со тоа напредок на албанското досие“, рече Макрон попладнево на прес-конференцијата во Брисел. Тој додаде дека по ова гласање во следните денови ќе продолжат... Читать дальше...

Регистрирани 108 нови случаи на ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 24 часа регистрирани се 108 нови случаи на ковид-19 од направени 723 тестови, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број на позитивни 29 се реинфекции, а нема починати лица. Расте бројката на заразени со ковид, нови 110 случаи Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 313.360, бројот на оздравени пациенти е 303.498, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 540.

Македонија со три, Бугарија со четири црвени линии за конечен француски предлог

SlobodnaEvropa.mk 

Три клучни прашања има македонската влада, наспроти четири барања од бугарската, со кои ќе се влијае да има надополнет француски предлог за одблокирање на македонските евроинтеграции.

Петков: Историска одлука на бугарското Собрание

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарскиот парламент денеска донесе историска одлука со која се дава зелено светло на францускиот предлог за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија“, порача бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков „Интеграцијата на Западен Балкан е од стратешки интерес за Европската унија“, наведува Петков на Фејсбук по изгласниот документ во Народното собрание на Бугарија со кој се одобрува францускиот предлог за Северна Македонија. Според усвоената одлука, Парламентот и дава право на Владата... Читать дальше...

Османи: Останува наредните денови дали ќе има конечен француски предлог

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција не сакаше да го коментира усвојувањето на предлогот за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје во бугарското Собрание. Тој рече дека најпрвин треба да го види финалниот текст од гласањето затоа што слушал разни шпекулации дали имало измени во текот на расправата. „Нашиот став е кажан јавно и формално на француското претседателство, останува наредните денови дали француското претседателство ќе има конечен свој предлог во однос на прашањето. Читать дальше...

ССМ со штрајк пред Министерството за финансии

SlobodnaEvropa.mk 

Членовите на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска на трет ден од генералниот штрајк на вработените во јавниот сектор протестираа пред Министерството за финансии. Тие бараат линеарно зголемување на платите од 2.806 денари за секој работник. „Денеска сме пред Министерството за финансии каде бараме од целото Министерство вклучително и од службите да го вметнат нашето барање за линеарно зголемување од 2806 денари за секој работник, сакаат преку амандманот поднесен од ССМ во Собранието на Македонија... Читать дальше...

Бугарското Собрание го одобри предлогот, 4 услови за С.Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарското Собрание го усвои предлогот за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје со цел да се одблокира процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската Унија. За предлогот на „Демократска Бугарија“, одобрен од Комисијата за надворешни работи „за “ гласаа 170 пратеници, против беа 37 и 21 воздржани. Предлог-одлуката вчера ја разгледуваше Комисијата за надворешни работи и денеска ја достави на пленарна седница за разгледување како прва точка. Предлог-одлуката, поднесена од Христо Иванов и „Демократска Бугарија“... Читать дальше...

Рама до бугарското МНР: Tргнете го ветото или бидете трпеливи со мене

SlobodnaEvropa.mk 

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на барањето на бугарското Министерство за надворешни работи тој да зборува на соодветен јазик на политичар на земја кандидат за членство во ЕУ. „Ох! Бугарското Министерство за надворешни работи има проблем со мојот говор! Многу точно! И јас имам едно прашање, а тоа е како Бугарија ќе ги решава билатералните прашања користејќи го процесот на проширување како средство за киднапирање на две земји членки на НАТО!. Пријатели смирете се: тргнете го ветото или бидете... Читать дальше...

Ќучук: Францускиот предлог е најдобар досега за Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук изјави дека Бугарија станува проблематична земја која ги попречува развојните процеси на ЕУ. „Нашето место не треба да е меѓу попречувачите, туку во развојниот простор- да поставиме агенда, да наметнеме различни гледишта кои ќе ја направат ЕУ многу поефикасна и тоа да биде во бугарски национален интерес. Една од темите што требаше да ги води Бугарија беше поврзана со проширувањето на ЕУ и како Албанија и Северна Македонија треба да бидат дел од неа“... Читать дальше...

Пандемијата не ни донесе „бејби бум“

SlobodnaEvropa.mk 

Статистичките податоци покажуваат дека пандемијата, карантините и изолираниот живот не „донеле“ повеќе бебиња. Напротив, минатата година бројот на живородени деца во однос на 2020 година се намалил за 2 проценти

Бугарското Собрание расправа за предлог-одлуката за С.Македонија и Албанија

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарското Собрание ја започна расправата за предлогот-одлуката за Северна Македонија и Албанија за преговарачка рамка со ЕУ. Претходно пратениците гласаа предлог- одлуката да биде ставена како прва точка на дневниот ред. Од присутните 229 пратеници за точката гласаа 210, а 11 беа против. Тошко Јорданов од партијата ИТН на Слави Трифонов го повика бугарскиот претседател Румен Радев да ги декласифицира документите од неговиот Национален советодавен совет претходно оваа година за да се види што тогаш рекол премиерот во оставка Кирил Петков. Читать дальше...


Музыкальные новости
Бато Багдаев

Театр и дети, Культура и Россия: Об артисте госцирка Бурятии Саяне Дондокове





Rss.plus
Россия

Театр и дети, Культура и Россия: интервью артиста госцирка Бурятии Саяна Дондокова




Новая песня "Сталинград" - дань памяти героическим защитникам города

Посол Антонов: РФ готова вести диалог с западными странами на равных условиях

Первый боевой: Россия уже вводит в строй военные ледоколы

Под защитой «семерки» и Красной Горки: что обязательно нужно сделать 12 мая




Бројот на загинати во земјотресот во Авганистан се искачи на 1.150

SlobodnaEvropa.mk 

Авганистанските талибански власти соопштија дека ги завршиле операциите за пребарување и спасување по земјотресот на 22 јуни што го погоди источниот дел на земјата, а бројот на загинати во најголемата ваква катастрофа во последните две децении се искачи на 1.150 луѓе. Абдул Вахид Рајан, талибански директор на државната новинска агенција Бахтар рече дека најмалку 1.600 луѓе биле повредени. Претходно, Мухамед Насим Хакани, портпарол на талибанското Министерство за управување со катастрофи, изјави за... Читать дальше...

Османи: Два збора стојат меѓу успехот и неуспехот на ЕУ во регионот

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави денеска дека два збора стојат помеѓу успехот и неуспехот на Европската Унија во регионот. „Зборот „протокол“ во рамката, како парадигма на историските прашања, и зборот „отворање“ во параграф шест од заклучоците на советот. И двата збора не се во францускиот предлог како финални решенија туку се ставени (дел од нив и во заграда) како прашања за кои не може да се постигне согласност поради позицијата на Република Бугарија. Усвојувањето денес на резолуцијата во бугарскиот Парламент... Читать дальше...

Во Сирија акции на екстремистичката група ИД во кои загинале 30 луѓе

SlobodnaEvropa.mk 

Девет борци биле убиени во источна Сирија во напад извршен од екстремистичката група Исламска држава (ИД), соопшти Сириската опсерваторија за човекови права. Вкупно 30 Сириските војници и сојузничките борци се убиени во акциите на групата од понеделникот, соопшти невладина организација со седиште во Британија. Борбите избувнаа во понеделникот откако групата Исламска држава нападна од заседа автобус со редовни војници и сојузнички борци на пустински пат меѓу градовите Раке и Хомс. Во нападот, кој е еден од најсмртоносните оваа година... Читать дальше...

Лапид ѝ се заблагодари на Турција што спречила напади врз Израелци

SlobodnaEvropa.mk 

Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид им се заблагодари на турските власти за нивната соработка во спречувањето напади врз израелските граѓани во Турција и предупреди дека Израел нема да седи со скрстени раце пред заканите од Иран. Лапид ова го изјави по средбата со турскиот колега Мевлут Чавашоглу во Анкара, во време кога двете земји прават напори за подобрување на односите влошени од силната поддршка на Турција за Палестинците. „Во последните недели, животите на израелските граѓани... Читать дальше...

Продолжува комисиската расправа по амандманите на ребалансот на буџетот

SlobodnaEvropa.mk 

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува амандманската расправа за Предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година. Вчера Комисијата разгледа 20 амандмани, но не беше усвоен ниту еден. Најголем дел од разгледаните амандмани главно се однесуваа на изградба, реконструкција и проширување на локалната и регионалната патна мрежа. На ребалансот на Буџетот се поднесени вкупно 204 амандмани. Најмногу амандмани има поднесено пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, и тоа над 170, 28 се на... Читать дальше...

Бугарскиот парламент ќе решава за ветото кон С. Македонија?

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарскиот парламент, како што вчера изјави премиерот Кирил Петков, би можело денеска да реши да го укине ветото за отворање на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската унија. „Доколку пратениците донесат одлука да одат понатаму, владата ќе може релативно брзо да ја ратификува“, изјави тој во Брисел.  Во меѓувреме во бугарската собраниска комисија за надворешни работи е усвоен предлогот на лидерот на владината коалициска партија „Демократска Бугарија“ Христо Иванов со кој се... Читать дальше...



Москва

Поцарапанному пандой Катюшей киперу подарили футболку с извинениями


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин: в Подольске отразили атаку летевшего на Москву дрона ВСУ



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Анастасия Волочкова

Волочкова спасала платье и чуть не утонула на Мальдивах




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Футбольный турнир «Вызов» для студентов станет частью праздничных мероприятий ко Дню Победы

Поцарапанному пандой Катюшей киперу подарили футболку с извинениями

Парад победы в Москве завершился пролетом авиации


WTA

Шнайдер вышла в третий круг турнира WTA-1000 в Риме, победив Самсонову в российском дерби



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Откровение артиста госцирка Бурятии Саяна Дондокова - Театр и дети, Культура и Россия, интервью



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России