Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Ноябрь
2022

Новости за 20.11.2022

САД се надеваат дека Србија и Косово ќе постигнат договор

SlobodnaEvropa.mk 

Соединетите Американски Држави (САД) се надеваат дека Србија и Косово ќе постигнат договор „во наредните денови со поддршка на специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ), соопштија од американскиот Стејт департмент. „Ние активно ги поддржуваме овие напори“, се вели во писмениот одговор на Стејт департментот на прашањето на балканскиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ) за очекувањата од средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти закажана за понеделник, 21 ноември. Читать дальше...

Владата работи на нов закон за здруженија и фондации

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг со нивинарите најави дека Владата работи на ново системнско законско решение за здруженијата и фондациите. „Од моја страна беше најавено дека ќе ѝ предложам на Владата. Владата излезе со решение дека ќе има нов закон кој што веќе почнува да се работи и новиот закон ќе биде испратен до Венецијанската Комисија пред да биде усвоен, што значи истата цел се постигнува. Меѓутоа, тоа е пристапот на Владата. Мора да се разговара дополнително. Читать дальше...

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Уставот

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Уставот, порача денеска партискиот лидер Христијан Мицкоски во своето обраќање пред Унијата на млади сили. Тој кажа дека за разлика од минатото кога нивни пратеници биле убедувани да гласаат за уставни измени, во овој состав не постои човек кој ќе попушти од своите цврсти ставови и да дозволи промена на Устав. Ахмети: Со Алијанса за Албанците сме во разговори за влез во Владата Мицкоски смета дека потребно е формирање техничка Влада и најдоцна на пролет да се одржат предвремени парламентарни избори. Читать дальше...



Косовската полиција најави казни за возачите со српски таблички од 22 ноември

SlobodnaEvropa.mk 

Косовската полиција соопшти дека до 21 ноември ќе трае предупредувањето на возачите со нелегални српски таблички, а од 22 ноември ќе започне со изрекување казни. Според податоците на полицијата, до 20 ноември биле издадени околу 1.740 опомени на возачи на автомобили со нелегални српски регистарски таблички. За утре е најавена средба помеѓу косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ во Брисел во врска со планот на Владата на Косово за пререгистрација на автомобилите. Читать дальше...

Дел од приватните автобуски линии утре нема да сообраќаат

SlobodnaEvropa.mk 

Автобусите на приватниот превозник „Слобода превоз“, на линиите 9, 12, 22, 23 и 45, утре нема да сообраќаат поради тоа што ЈСП Скопје односно  Град Скопје не го исплатил долгот кон компанијата. Сопственикот  на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски изјави дека доколку не се оствари средба со претставници на Град Скопје и градското претпријатие ќе има протести, а ако и натаму нема резултат, приватните превозници најавуваат штрајк. „Во опција е и поднесување претставка до Антикорупциската комисија... Читать дальше...

Маск му го врати профилот на Твитер, но Трамп не планира да го користи

SlobodnaEvropa.mk 

Илон Маск, новиот шеф на Твитер, денеска објави дека ќе ја врати сметката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, која што беше забранета од социјалната мрежа по нападот на Капитол Хил во Вашингтон во јануари 2021 година. „Народот го кажа својот збор. Трамп ќе биде вратен назад“, напиша Маск на својот профил на Твитер по резултатите од анкетата на која мнозинството од неговите следбеници гласаа за враќање на републиканскиот политичар на Твитер. Нешто повеќе од 15 милиони корисници на Твитер гласаа во анкетата... Читать дальше...

Реакцијата на амбасадата на САД за изборот на Абази е принципиелна вели Али Ахмети

SlobodnaEvropa.mk 

Ракцијата на амбасадорката на САД во земјава околу изборот на новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази е принципиелна, вели претседателот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети. Коментирајќи ја реакцијата, Ахмети вели дека токму неговата партија за ова прашање со години бара ветинг на сите државни институции. „Изјавата на американската амбасадорка е принципиелна. Борбата против криминалот на корупцијата мора да биде бескомпромисна. Читать дальше...

Пукање во геј клуб во САД - пет загинати и осуманесет ранети

SlobodnaEvropa.mk 

Пет луѓе загинаа, а 18 се ранети во пукање во ноќен клуб во САД, јавуваат американските медиуми. Пукањето се случило во геј клуб во Колорадо Спрингс, во американската сојузна држава Колорадо. Клубот Кју, каде што се случил инцидентот, се рекламира како ноќен клуб ориентиран кон хомосексуалци и возрасни. Во него се одржуваат тематски вечери со караоке и диџеи. Напаѓачот е уапсен, потврди началничката на полицијата во Колорадо Спрингс, Памела Кастро. Таа не појасни дали меѓу повредените во пукањето е и осомничениот. Читать дальше...



Во земјава лани 116 лица го загубиле животот во сообраќајки

SlobodnaEvropa.mk 

Сто и шеснаесет лица лани во Македонија загинале во сообраќајни незгоди, покажуваат податоците на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП).  По повод Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди од РСБСП денеска апелираат да се почитуваат сообраќајните правила.  „Овој ден има за цел да ја потсети јавноста на лицата кои настрадале во сообраќајни незгоди, да им се даде помен на истите, но и да се допре до свеста на сите учесници во сообраќајот со цел тие да размислат за сопствената одговорност... Читать дальше...

Ахмети: Со Алијанса за Албанците сме во разговори за влез во Владата

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети вели дека и тој и премиерот Димитар Ковачевски се во разговори за можен влез на партијата на Таравари, Алијанса за Албанците (АА) во владата, но како што посочи, се уште е рано за некаков епилог од тие разговори.  „Беше отворена и оваа тема. Средбите со нивни претставници ги остварив јас. Ги има остварено и Ковачевски со Таравари. Ќе видиме каков епилог ќе има од разговорите што ќе се реализираат меѓу двете страни. Се уште не е разговарано за детали, тоа е тековен процес. Читать дальше...

Турски авиони гранатираа курдски села во Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Турски авиони гранатираа две села населени со Курди во северна Сирија, изјави портпаролот на Сириските демократски сили (СДФ). Турција во вторникот соопшти дека планира да ја продолжи операцијата во северна Сирија против милитантите на Курдистанската работничка партија (ПКК) во Ирак, започната по смртоносниот бомбашки напад минатиот викенд во Истанбул, пренесува новинската агенција АФП. Владата ги обвини курдските милитанти за експлозијата на авенијата Истиклал во Истанбул на 13 ноември, во која загинаа шест лица... Читать дальше...

Вучиќ не е оптимист за средбата со косовскиот премиер во Брисел

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека не е оптимист пред разговорите во Брисел на 21 ноември со премиерот на Косово, Албин Курти. „Одам во Брисел. Мислам дека не можеме ништо, но одам за да не и дадам доволно причини на Србија да биде обвинета дека не сака да направи ништо“, рече Вучиќ во гостувањето на српската телевизија Прва на 20 ноември. Претседателот на Србија на 21 ноември во Брисел треба да се сретне со премиерот на Косово, во обид да се избегне дополнително заострување... Читать дальше...

По целоноќни преговори постигнат договор на Самитот за клима во Египет

SlobodnaEvropa.mk 

Годишната конференција на Обединетите Нации (ОН) за климатските промени, позната како COP27, која се одржува во Египет денеска усвои резолуција со која се предвидува создавање на наменски фонд за финансирање на штетите од климатските промени. По тензичните преговори што траеја цела ноќ, египетското претседателство го објави текстот на нацрт-договорот и истовремено свика пленарна седница да го прогласи за конечен, сеопфатен договор. Одлуката веќе се нарекува историска, а беше усвоена со консензус... Читать дальше...

Ќе остане ли празно ветувањето за подобар студентски стандард?

SlobodnaEvropa.mk 

Во Предлог-буџетот за 2023 во ставката за студентски стандард има намалување од 15 проценти, а за реновирање на студентски домови има намалување на 34 проценти. Тоа говори дека има голема опасност договореното меѓу студентите и власта да остане празно ветување, вели професор Маја Стевановиќ.

Облачно и дождливо време - најстудено на Попова Шапка

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе бидат обилни. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени. Во Скопје облачно со врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта ќе бидат пообилни и поројни. Максималната температура ќе биде околу 17 степени. Што најновата наука на ОН кажува за климатските промени Променливо облачно со локални врнежи од дожд не очекува и утре. Во утринските часови во источните делови... Читать дальше...

Стевановиќ - Се атакува врз автономијата на високото образование

SlobodnaEvropa.mk 

Се предлагаат измени на законот за високо образование кои немаат за цел подобрување на законот, туку атакуваат на оние делови коишто значеа демократизација на високото образование и автономија и надвор и внатре во самите високо-образовани установи, вели професор Маја Стевановиќ од ФДУ.



Москва

Миллионы — в хлам. Мажоры и блогеры разбивают в Москве дорогущие машины


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин рассказал о строительстве электродепо «Южное» для Замоскворецкой линии



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Эстрада

Смешарики и «Академия Эстрада Тинс» выпустили трек «Попурри»




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

ЦСКА уступил "Балтике" в 26-м туре чемпионата России

ЦСКА проиграл «Балтике» в гостевом матче 26-го тура РПЛ

"Зенит" потерпел второе поражение подряд в РПЛ


WTA

16-летняя теннисистка Андреева обновила рекорд турниров WTA-1000



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

В Подмосковье водитель маршрутки ударил подростка из-за проблем с оплатой



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России