Србија ќе упати барање до КФОР за враќање до илјада војници и полицајци на Косово
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва најави дека Владата на Србија ќе испрати формално барање до КФОР за враќање на одреден број, „од стотици до илјада“ припадници на полицијата и армијата на Косово. Тој најави дека утре, на 16 декември тоа барање ќе биде доставено до претставникот на КФОР на границата со Косово. Официјален Белград се повикува наРезолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) од 1999 година. По седницата на Владата на Србија, Вучиќ изјави дека одлуката е донесена едногласно. Читать дальше...