Северна Кореја пак истрела ракета, САД бараат да престанат провокациите
![Северна Кореја пак истрела ракета, САД бараат да престанат провокациите](https://gdb.rferl.org/8ED30975-6802-486A-A1C6-7647D3BEA56A_w800_h450.jpg)
Ја повикуваме Северна Кореја да се воздржи од провокации и да се придржува кон своите обврски во согласност со резолуциите на Советот за безбедност на ОН, како и да остане вклучена во преговорите за да се обезбеди мир и стабилност на Корејскиот полуостров и да се спроведе нејзината денуклеаризација, изјави денеска портпаролот на американскиот Стејт департмент, откако Северна Кореја лансираше најмалку една ракета од својот источен брег, пренесе новинската агенција Ројтерс.
Претходно, Јужна Кореја соопшти дека ракетата најверојатно ќе биде лансирана од подморница. Повикувајќи се на Генералштабот на армијата на Јужна Кореја, агенцијата Јонхап информираше дека Северна Кореја лансирала проектил од Вонсан, во провинцијата Кангвон, источно кон морето.