Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Октябрь
2019

Новости за 03.10.2019

Германски министер бараа одлучна реакција на ЕУ кон таксите од САД

SlobodnaEvropa.mk 

Германскиот министер за финансии Олаф Шолц денеска изрази надеж дека ЕУ ќе реагира на „одлучен и промислен начин“ на американската одлука да воведе царини на низа производи од Унијата, од сирење до вино. „Ќе реагираме на одлучен, но промислен начин на таа нова ситуација. Во глобализираниот свет, трговските судири во последните месеци никому не му се во интерес“, рече Шолц за германскиот весник Билд. Германија како голем извозник има блиски трговски врски со САД. Маслинки, јогурт, овошје и големи... Читать дальше...

Владика Петар: Има расположение во Цариградската Патријаршија да почнат официјални разговори

SlobodnaEvropa.mk 

Сѐ уште сме во исчекување да почнат официјалните разговори помеѓу Македонската православна црква и Цариградската патријаршија по прашањето за автокефалноста. Неофицијалните сознанија се дека има расположение од Цариградската Патријаршија нашето прашање да го земе предвид на некоја од своите наредни седници, изјави Владиката Петар, одговарајќи на новинарско прашање какви се моментално релациите со Цариградската Патријаршија. Митрополитот Петар денеска присуствуваше на промоција на монографија за манастирот „Свети Илија“ во прилепско Мариово. Читать дальше...

Челниците на ЕУ бараат старт на преговори со Македонија и Албанија

SlobodnaEvropa.mk 

Во писмо испратено попладнево до земјите членки на ЕУ, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, новоименуваната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лејн, и претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, бараат отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија. Тие потсетуваат дека земјите членки се заложија во јуни да се навратат на прашањето и да донесат суштинска одлука во октомври по ова прашање. „Европската унија стои пред стратешки избор. Читать дальше...



Ципрас - ЕУ мора да донесе храбра одлука за Балканот

SlobodnaEvropa.mk 

Во наредните неколку дена Европскиот совет ќе донесе одлука дали да ја покани Северна Македонија да отвори официјални разговори за влез во ЕУ. Таа одлука ќе покаже дали блокот може да биде храбар како младата, динамична балканска земја која тропа на нивната врата. Изборот ќе биде дали да се приврзе цврсто Северна Македонија и Западниот Балкан кон ЕУ, или да се ризикува да ги втурне во нова криза и да даде сигнал дека болните реформи не се наградени. Ова во колумна за угледниот „Фајненшл Тајмс“ го пишува Алексис Ципрас... Читать дальше...

Петтиот „БукСтар“ со поглед „Отаде“

SlobodnaEvropa.mk 

Под слоганот „Отаде“ и со учество на повеќемина реномирани европски и домашни творци, од 7 до 10 октомври, во организација на Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје, ќе се одржи петтото издание на Фестивалот на европската литература „БукСтар“.

Медиуми - Бугарија ги мати сметките, Франција се дума

SlobodnaEvropa.mk 

Медиумите анализираат дали Бугарија ќе стане нов блокатор за ЕУ и дали Франција ќе донесе позитивна одлука за старт на преговорите. Пишуваат и за „сомнителните“ вработувања во новата Агенција за безбедности и за протестот на полицајците.

Туск скептичен за новиот британски предлог за Брегзит, но е отворен за преговори

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска изјави дека и понатаму не е уверен во новиот британски предлог за решавање на блокираните преговори за Брегзит, но дека останува отворен за преговори. Туск на Твитер напиша дека денеска имал два телефонски разговори во врска со Брегзит, прво со Даблин, а потоа со Лондон. „Мојата порака до ирскиот премиер Лео Варадкар е дека во целосна мерка сме зад Ирска, а мојата порака до британскиот премиер Борис Џонсон е дека сме отворени, но и понатаму неубедени“, напиша Туск. Читать дальше...

Косовските бизнисмени бараат реципроцитет кон Македонија поради повторната забрана на увоз на риба

SlobodnaEvropa.mk 

Стопанската комора на Косово денеска изрази длабока загриженост поради наводната повторна забрана на извозот на икра и риба за порибување од Косово во Северна Македонија и побара од косовскиот министер за трговија и индустрија Ендрит Шаља итно да го реши проблемот, јави дописникот на МИА од Приштина. Комората тврди дека, иако одлуката на македонските власти од 1 јуни, годинава, за увоз на риби за порибување беше укината минатиот месец, таа деновиве повторно почнала да се применува. Затоа, тие... Читать дальше...



Заев - Целта на комисиите е да најдат решенија преку кои ќе се гради пријателство

SlobodnaEvropa.mk 

Целта на Комисијата составена од претставници од нашата земја и од Бугарија, не е да ја утврди апсолутната конечна историја за што било, туку да изнајдат начин како да ги утврдат тие факти што досега постојат, не се спорни во духот на пријателство. Досега се затворени четири сериозни историски поглавја и сум задоволен како се затворени. Ова е одговорот од премиерот Зоран Заев на прашањето поставено од Крсто Јовановски, пратеник од ВМРО – ДПМНЕ зошто нема тим кој ќе се спротивстави односно да има... Читать дальше...

Медведев во Куба ќе потпише трговски договори

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот премиер Дмитри Медведев пристигна во главниот град на Куба, Хавана, на дводневна посета, каде што треба да се сретне со претседателот Мигуел Диаз-Канел, да посети енергетски проект во предградие на Хавана и Капитолот, кој се реновира, а златната купола е подарок од Москва. Според соопштението од руската влада, Медведев ќе разговара за „актуелни прашања од руско-кубанската трговска соработка, економијата, инвестициите, енергијата, транспортот, културата и соработката во хуманитарните и други области“. Читать дальше...

Полицаец убил четворица колеги во Париз со нож, па го убиле

SlobodnaEvropa.mk 

Вработен во полициска станица во Париз до смрт избодел четворица полицајци пред да биде застрелан од друг полицаец. Засега нема информации за мотивите на нападот кој се случи во срцето на главниот град на Франција во близина на катедралата Нотр-Дам. Истрагата се сомнева дека нападот бил предизвикан од расправија на работното место. Ова е најсмртоносен напад врз полицајци во Франција во изминатите години. Областа околу станицата, како и најблиската метро станица се затворени од безбедносни причини. Читать дальше...

Заев: Ако некој не блокира на патот кон ЕУ, планот Б е да го вратиме планот А

SlobodnaEvropa.mk 

Немаме план „Б“ ако некој тргне кон блокада. Планот „Б“ е да го вратиме на планот „А“ зашто веруваме дека сите аргументи на светот се обезбедени низ болниот процес што го помина нашата земја, но не очекувам Бугарија или Грција да ги блокираат нашите евроатлантски интеграции, туку напротив да бидат наша авангарда и наши адвокати да се залагаат за почеток на преговорите за членство со Европската Унија и за полноправно членство во НАТО, изјави денеска премиерот Зоран Заев во Собранието, одговарајќи на пратеничко прашање. Читать дальше...

Специјалниот преговарач на Трамп со Украина ќе сведочи во истрагата за импичмент

SlobodnaEvropa.mk 

Долгогодишниот американски дипломат, Курт Вокер, кој беше специјален претставник на претседателот Доналд Трамп за Украина, ќе сведочи денеска пред Конгресниот комитет, како дел од истрагата во иницијативата за импичмент на американскиот претседател, покрената од демократите, пренесе Ројтерс. Вокер поднесе оставка како специјален претставник во преговорите со Украина минатиот петок, ден по објавувањето на информациите за наводниот притисок врз Украина за спроведување истрага поврзана со главниот... Читать дальше...

СДСМ од денеска со ребрендиран слоган и во нови бои

SlobodnaEvropa.mk 

Со ребрендиран слоган и со нови бои, црвено-бела, владејачкиот СДСМ денеска стартуваше со нова кампања. Од партијата најавија бројни граѓански трибини и карвани под новото мото „На прав пат“, во викендите во поголемите градови, а во работните денови во помалите. Генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски, изјави дека не станува збор за предизборна кампања туку за тековни активности на партијата. „СДСМ е подготвена секое време за избори, ова не е изборна кампања туку темпо на работа на... Читать дальше...

„Империја“ останува кај Лиле Стефанова

SlobodnaEvropa.mk 

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески ја овласти обвинителката Лиле Стефанова, и понатаму да остане надлежна за предметот „Империја“, потврдиле за МИА од Јавното обвинителство. Случајот беше нејзин предмет и кога таа беше во сега веќе поранешното СЈО. Истрагата „Империја“ се води против Јордан Орце Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев... Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ преглага изборен модел со 120 изборни единици и еден круг гласање

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на новинарско прашање за можна промена на изборниот модел, рече дека тој предлага 120 изборни единици, посочувајќи дека оној кој во првиот круг ќе освои најмногу гласови тој да биде претставник на граѓаните во Парламентот. Во однос на тоа дали за него е прифатлив предлогот на премиерот Зоран Заев да има една изборна единица, Мицкоски рече дека за него е прифатливо секое решение што ќе го зголеми демократскиот капацитет. „Прифатливо е секое... Читать дальше...

Протестите во Ирак продолжуваат, убиени 18 демонстранти и полицаец

SlobodnaEvropa.mk 

На антивладините протести, што во текот на ноќта се одржаа во градовите Насиријах и Амара, во јужен Ирак, загинаа 19 лица, од кои еден полицаец, а демонстрациите и судирите со полицијата продолжија и денеска во главниот град Багдад и покрај воведувањето полициски час, пренесоа новинските агенции АП и Ројтерс. Ирачките безбедносни сили утрово користеле солзавец за да растераат стотици демонстранти кои повторно излегоа на улиците во Багдад, неколку часа по прогласувањето на полицискиот час, по дводневните... Читать дальше...

Oсмани демантира дека ЕУ ќе постави „правосуден борд“

SlobodnaEvropa.mk 

Во очекување на одлуката за датум за преговори за зачленување во ЕУ, опозицијата тврди дека е можно да има „датум за датум“ и најавува „правосуден борд“ во Македонија за средување на правосудството и борба против корупцијата. Вицепремиерот Бујар Османи негира дека има таков предлог.

Мицкоски формираше тим за „Обнова на Македонија“: Борко Ристовски, Дурловски, Кедев...

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска го претстави својот нов тим од, како што рече, надпартиски соработници, кои ќе му помогнат во „обновата на Македонија“. Во тимот на Мицкоски се: професорката Гордана Силјановска - стратешки соработник од областа на правото и политичкиот систем,  Сашко Кедев - медицина и здравствени политики, Владимир Дуковски професор во пензија - стратешки соработник за технолошки развој,  Хозе Караско вонреден професор во Мадрид - стратешки соработник за економија... Читать дальше...


Музыкальные новости
Булат Окуджава

Кажется, мы начинаем забывать Урганта: ведущего не пустили на 100-летие Окуджавы





Rss.plus
#123ru.net

«СВЯТОЙ ЛЕНИН» правит миром, расшифровал «ДНК В.И.Ленина», отменяет налоги. И… отключает институты времени. Разгадка «научных теорий заговоров».




Более 60 тысяч домов в Подмосковье газифицируют в этом году

Тороп травмировался после столкновения головами с Алипом. Вратаря ЦСКА увезли с поля, 19-летний Шайхутдинов вышел вместо него

Приближение срока завершения действия программы льготной ипотеки с господдержкой до двух раз увеличила на нее спрос

Московский военный округ возглавил Сергей Кузовлев




Пратениците изгласаа покачување на платите во јавниот сектор

SlobodnaEvropa.mk 

Собранието на денешната 115-та седница, со 82 гласа „за“, без воздржани и без против, по скратена постапка, го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија, со кој се овозможува покачување од пет отсто на платите во јавната администрација. Пратеничката од СДСМ Јагода Шехпаска на собраниската говорница истакна дека со Законот ќе бидат опфатени сите вработени во јавниот сектор, кој согласно информациите од Министерството за информатичко општество за 2018 година изнесуват околу 138 илјади. Читать дальше...

„Едно општество за сите“ - чекајќи го датумот за ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Владата подготвува национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам. Целта е да се унапреди еднаквоста и да се создаде кохезивно општество со европските вредности. Во меѓувреме премиерот Заев останува оптимист дека земјава ќе добие датум за почеток на преговори

Ниските плати растат пред избори

SlobodnaEvropa.mk 

Вработените во јавната администрација ќе добијат зголемени плати овој месец. Експертите велат дека платите во јавниот сектор генерално се ниски и се зголемуваат само пред избори. Економистите велат дека за да има поголеми плати треба да има поголем економски раст.

Една изборна единица или отворени листи - Ќе се решава со консензус

SlobodnaEvropa.mk 

Владата и СДСМ се подготвени за измени на изборниот законик и за нив се прифатливи и двата понудени модели – една изборна единица или отворени листи. Ова го потврди денеска премиерот Зоран Заев и додаде дека двата модела не може да се комбинираат и  за тоа какво ќе биде решението ќе се одлучи со консензус. „Многу е важно влијанието на малите политички партии, оти можеме да седнеме ние најголемите да договориме нешто што апсолутно ќе ги мајоризира помалите партии, а тоа не е добро. Партијата што... Читать дальше...

Дукоски: Бојан Јовановски има сериозен здравствен проблем што може да предизвика смрт

SlobodnaEvropa.mk 

Повраќам константно, мојата состојба е животно загрозувачка, затворскиот лекар има желба да ми помогне, но не може, изјави денеска првоосомничениот во „Рекет“, Бојан Јовановски - Боки 13, на јавна седница во Апелациониот суд Скопје. Тој и неговата одбрана, поради тоа, побараа укинување на мерката притвор и замена најмалку со куќен притвор. Јовановски пред судот тврдеше дека „има органски проблем и дека не е во добра психичка состојба“. Неговиот адвокат, Сашо Дукоски, достави и медицинска документација... Читать дальше...

Заев: Има држави со свои аргументи, ама јас сум оптимист за датумот

SlobodnaEvropa.mk 

Будно следиме што се случува. На неколку дена сме од историската одлука. Оптимист сум дека ќе добиеме одлука за почеток на преговорите, изјави премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарски прашања по конференцијата во МНР на тема „Кон концептот за едно општество и интеркултурализам“. Тој додаде дека му е познато оти некои земји членки имаат, како што рече, свои аргументации внатре, кои најчесто не се поврзани со нас. „Дебатата што ја води Франција на пример за реформите и иднината на ЕУ.... Читать дальше...



Москва

Стоматолог Татьяна Сумцова: какие зубные пасты вредны для зубов


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин: в ТиНАО создадут новые управы районов



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Тимати

ЮрКисс ответил на слухи о попадании Тимати в черный список из-за отказа петь с ним дуэтом




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Строительные леса обрушились у здания спортшколы на Новочеремушкинской улице

В Подмосковье сотрудники ОМОН «Русич» Росгвардии приняли участие в церемонии открытия соревнований по дзюдо среди детей и подростков

Стартовал финальный этап всероссийского футбольного турнира «Будущее зависит от тебя»


WTA

Азаренко вышла в четвертьфинал турнира WTA-1000 в Риме



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Авто

«Байкал Сервис» открыл новый терминал на юго-востоке Москвы



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России