Во Иран ќе може да се добие и државјанство по мајка
Иранските власти усвоија амандман на законот за државјанство со кои им се дозволува на жените да им ја пренесат својата националност на децата. Активистите за човекови права веќе долго време бараа реформа на законот, нарекувајќи го „дискриминаторски“. Според нив на овој начин може да им се помогне на илјадници деца кои живеат во законска неизвесност во земјата.
Амандманот им овозможува на Иранките кои се оженети со мажи со друга националност да бараат иранско државјанство за своите деца.
Но децата пред да може да добијат државјанство ќе мора Министерството за разузнавање и Разузнавачката организација на Исламската револуционерна гарда, да потврдат дека нема безбедносни пречки, за да може да добијат иранско државјанство.
Не е точно познат бројот на деца кои се од мајки Иранки и татковци - странци. Прашањето се појави во изминативе години поради големиот број бракови меѓу Иранки и авганистански мигранти. Моментално во Иран живеат околу 3 милиони Авганистанци.