Бајковитата вокална симбиоза на Лиза Жерар и „Бугарките“ во Филхармонија
Маестралната Лиза Жерар и The Mystery Of The Bulgarian Voices, добитничките на престижната Греми награда, во вторник на 8 октомври, во организација на Младински културен центар – Скопје, во Филхармонија ќе го одржат кај нас долго, предолго очекуваниот концерт.