Владата предлага платите во образованието да се зголемат за 10 отсто
Владата и Министерството за образование и наука на Синдикакот за образование, наука и култура (СОНК) му понудија зголемување на платите во образовната дејност за 10 проценти од април 2020 година. По средбата што попладнево се одржа во Владата помеѓу премиерот Зоран Заев и министерот Арбер Адеми со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, Адеми и Неделков во изјава за медиумите рекоа дека средбата била конструктивна.
Неделков изјави дека за понудениот предлог СОНК ќе го запознае членството и од него ќе зависи дали е прифатлив или не.
„Тоа е процедура која ќе трае до крајот на неделава или до почетокот на наредната. Предлогот ќе биде утре на седница на Советот на СОНК, потоа до членството, рече Неделков.
Според министерот, новите 10 проценти од април ќе бидат дополнителни на двете претходни зголемувања од по 5 проценти
“Јас би кажал декаова е историско покачување на платитево дејноста образование" изјави Адеми.
Барањето на СОНК од почетокот на учебната година беше зголемување на платите на наставниците за онолку проценти за колку што е зголемена минималната плата во државава, односно до 25 проценти.