Бугарска поддршка за членството во ЕУ, но и условувања
![Бугарска поддршка за членството во ЕУ, но и условувања](https://gdb.rferl.org/EF962AFA-4D3E-47ED-A5E5-BDC6107673C3_cx0_cy3_cw0_w800_h450.jpg)
Во предлог декларација на бугарското Собрание се наведува дека Бугарија и дава целосна поддршка на интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ. Во предлог-документот, Софија го повикува Скопје да го спроведува ефикасно, без одлагање и со добра волја Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.
Во текстот се посочува дека Бугарија „се залага за прифаќање на историската вистина за заедничка историја што ја споделуваат двете држави и народи“. Во него се бара и „да прекине секаква форма на говор на омраза кон Бугарија и кон граѓаните на Република Северна Македонија со бугарско национално чувство, вклучително и во медиумите и на натписите на спомениците“.