Културните работници маршираа кон нов Колективен договор
![Културните работници маршираа кон нов Колективен договор](https://gdb.rferl.org/E94D66C8-4D9D-4FF7-969B-08F2687EAD9D_cx0_cy2_cw0_w800_h450.jpg)
Синдикатот на културата денеска во Скопје го одржа најавениот протестен марш за нов Колективен договор во културата со којшто ќе се уредат платите и условите за работа. Протесниот марш, како што велат културните работници, е последно предупредување пред најавениот штрајк.