Верушевски се поздрави со Мијалков и за прислушувањето го обвини Груевски
Погрешен човек е првообвинет. Голем дел од обвинетите тука во судницата ја плаќаат цената на патолошката опседнатост на Никола Груевски да остане на власт, рече поранешниот разузнавач Зоран Верушевски на судењето за „Тврдина-Таргет“. Како дел од главните виновници ги посочи и избеганите разузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошковски.