Пендаровски во Виена - Очекуваме датум, нема подобра алтернатива
Позитивна одлука за почнување на пристапните преговори би била заслужено признание за досегашната улога на Северна Македонија, истакнал претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со австрискиот претседател Александер Ван дер Белен во Виена.
Сојузниот претседател Ван дер Белен, реафирмирајќи ја австриската поддршка во нашите евроинтеграциски процеси, истакнал дека нашата држава заслужува да добие датум за почеток на претпристапните преговори, соопшти Кабинетот на Пендаровски.
„Граѓаните на Северна Македонија оваа недела го очекуваат датумот за почеток на претпристапните преговори. За мојата земја не постои друга подобра алтернатива“, рекол Пендаровски.