Датумот е едно, а друго се принципите, вели амбасадорот Тимоние
![Датумот е едно, а друго се принципите, вели амбасадорот Тимоние](https://gdb.rferl.org/0124DF33-5A19-4AC8-B722-EC726CC9255B_cx0_cy6_cw0_w800_h450.jpg)
Прашањето за датумот е едно, а друго се принципите, кои се важни колку што е важно и да соработуваме, изјави денеска францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние, на новинарско прашање поврзано со Франција и претстојната одлука на ЕУ за датум за пристапни преговори со Македонија.
„Ако има нешто што нè обединува, нас европските претставници, тоа е едно нешто: На Северна Македонија, по сите досегашни напори и напорите што ќе следуваат, местото ѝ е помеѓу нас во ЕУ, да соработуваме. Можам да ви кажам дека сме мотивирани за соработка“, изјави Тимоние по свеченоста по повод 11 Октомври во Куамново.