Сончев викенд со слабо ветре
![Сончев викенд со слабо ветре](https://gdb.rferl.org/85D13979-D4C9-4B55-9B06-0C01CA133510_cx26_cy13_cw74_w800_h450.jpg)
Денеска не очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 6 до 16 степени, а дневната температура од 19 до 26 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната до 25 степени.