Северна Кореја бара компензација од Јапонија за потонат рибарски брод
Северна Кореја бара од Јапонија да плати за компензација за рибарски бродкој потона при судар со јапонски патролен брод при почетокот на неделава. Станува збор за намерно предизвикан инцидент и ганстерски чин од страна на Јапонија, се вели во реакцијата на министерството за надворешни работи на Северна Кореја. Засега нема коментар од јапонското министерство за надворешни работи.Јапонката крајбрежна стража соопшти дека спасила 60 членови на екипажот од рибарскиот брод што се судри со јапонскиот патролен брод по што потона.