Асад - Ќе одговориме на турската агресија со сите легитимни средства
Сирија со „сите легитимни средства“ ќе одговори на турската агресија на кој и да е дел од нејзината територија, изјави денеска сирискиот претседател Башар ал Асад, јавуваат тамошните државни медиуми.
Официјален Дамаск и сириските демократски сили предводени од Курдите постигнаа договор за спротивставување на турската офанзива во североисточна Сирија.