Чешкиот претседател се „одмора“ во болница
Чешкиот претседател Милош Земан неколку дена се наоѓа во болница, јавува новинската агенција ДПА. Неговиот престој во болница имал за цел да му помогне да се одмори и да си ја врати својата подготвеност, изјавил неговиот портпарол. Земан кој неодамна го прослави својот 75-ти роденден во болницата добива инфузии со витамини и минерали, додаде портпаролот истакнувајќи дека тоа во никој случај не било поврзано со некој сериозен здравствен проблем. Земан страдал од дијабетес и болест на периферниот нервен систем па на јавните настапи користи бастун за постабилно движење .Поранешниот социјалдемократ беше реизбран минатата година за втор петгодишен мандат.